Вежбање и перење алишта со неверојатен еколошки велосипед

Велосипедската машина за перење алишта ги охрабрува корисниците да заштедат електрична енергија и да бидат фит додека ги извршуваат домашните обврски.Обврски, обврски и само обврски. Некои денови делува дека листата нема крај и мотивацијата за нивно извршување понекогаш знае да исчезне.
Но, благодарение на креативноста на неколку студенти од Кина, може да вежбате и воедно да ги перете алиштата.
Велосипедската машина за перење алишта (The Bike Washing Machine или BiWA како што ја нарекуваат), е машина за перење алишта која се „напојува“ со помош на физички напор и ги охрабрува корисниците на мултитаскинг, а воедно заштедува струја и вода додека ја зголемува вашата кондиција на забавен и ефикасен начин.

Иновативниот велосипед кој сѐ уште не се појави на пазарот, е дизајниран од група студенти на Националниот универзитет Далијан во Кина.
Педалите помагаат при вртење и ротирање на предното тркало кое всушност преставува бубањ во машината. И вишокот енергија креиран за трошење на калории се користи за да го напојува дисплејот кој го известува велосипедистот за напредокот при перењето.
Овој изум заштедува време, но и пари со оглед на тоа дека сѐ што ви е потребно е да се мотивирате и на забавен начин да ги перете алиштата.Обврски, обврски и само обврски. Некои денови делува дека листата нема крај и мотивацијата за нивно извршување понекогаш знае да исчезне.
Н

Пронајдете не на следниве мрежи: