Секоја жена би сакала убави и цврсти гради. Како и секогаш, за секој резултат потребно е напорна работа, па така и за убаво обликувани гради треба да се потрудите да одвоите неколку минути од вашето време и да практикувате доста едноставни вежби кои ќе ви ги зајакнат мускулите на градите. Погледнете неколку вежби кои ги издвоивме за вас за кои ќе ви требаат само петнаесетина минути дневно.
1. Туркање со дланките
Спојте ги дланките во висина на градите и подигнете ги лактите. Силно притиснете ги дланките, останете во таа позиција неколку секунди и опуштете ги мускулите. Постапката повторувајте ја во серии со 10 повторувања.
2. Испреплетени прсти
Оваа вежба е спротивна од претходната, а го има истиот ефект на мускулите. Испреплетете ги прстите на двете раце и подигнете ги лактите во иста висина со дланките. Повлечете ги рацете секоја на својата страна и останете неколку секунди во таа позиција, а после опуштете ги мускулите. Повторете во 10 серии.
3. Оттурнување од ѕид
Потпрете ги двете дланки на ѕидот со лесно свиени лакти. Постепено почнете да се оттурнувате од ѕидот со напор со кој ќе можете да издржите барем неколку секунди во таа положба. Потоа опуштете ги мускулите и повторете 10 серии.
Секоја жена би сакала убави и цврсти гради. Како и секогаш, за секој резултат потребно е напорна работа, па така и за