Вежби за мозок-невробик

Многу луѓе се трудат да го одржат своето тело во совршена кондиција. Одат во теретани, внимаваат на својата исхрана, внимаваат да бидат уредно и убаво облечени. Здраво и корисно е да се водите грижа за своето тело, но подеднакво важна е грижата за умот.Ви се случило ли да сретнете одредена личност, но да не можете да се сетите на нејзиниот лик, или додека раскажувате за убав филм и да го заборавите името на вашиот омилен актер кој беше во главната улога?
Многу пати сме се нашле во ваква ситуација. Огромниот број на информации кои ги примаме секојдневно предизвикуваат  проблеми со меморијата и концентрацијата. Постојат многу различни вежби со кои можете да го зачувате и подобрите здравјето на мозокот, а исто така и да го забрзате процесот на учење и помнење. Вежбањето на мозокот, но и на телото, не само што ја изострува способноста за помнење, туку и ви помага побрзо да размислувате.
1.Меморија
Вежбите за памтењето се полесни отколку што можете да замислите. Служањето музика е удобно, но ако изберете песна која не ја знаете и ја запомнете, ќе го зголемите нивота на ацетилхолин, хемикалија која помага во развојот на мозокот и ја подобрува меморијата.
Уште подобри резултати ќе постигнете ако се туширате или облекувате во мрак. Или ако за време на миењето на забите ги четкате со другата рака која не ја користите за тоа. Овие предизвици помагаат во изградбата на нови внатрешни врски во мозокот.
2.Внимание
Вниманието можеме да го поправиме со едноставни промени во секојдневието. Промена на вообичаениот пат по кој се движиме, реорганизација на бирото-овие ситуации ќе го натерааат мозокот да се тргне од навиката и да обрати внимание на работата која ја правите. Комбинирајте активности како сто се слушање на аудио книги додека трчате или решавање на математички задачи во главата додека возите.  

 
3.Јазик
Збогатувањето на речникот преку читање на рубриките надвор од полето на интерес не само што ќе ги збогатат вашите јазични вештини туку се и одлична мозочна вежба.
4. Визуелно-просторни вештини
Првата вежба е едноставна но многу делува. При влегување во некоја просторија запомнете пет предмети и нивната локација. По излегувањето сетете се на издвоените предмети и нивните локации.
По два часа повторно потсетете се на предметите и нивната ликација. Правете го тоа на различни места во различни околности.
5. Извршни функции
За донесување одлуки и препоставки континуирано користиме логика и разум. Друштвените игри можат многу да помогнат. Кратката посета на пријателите ги поправа интелектуалните способности затоа што разговорот го стимулира мозокот на поставување на прашања и давање на одговор. Од друга страна играњето видео игри  го потикнува стратегиското размислување и решавањето на проблеми.Ви се случило ли да сретнете одредена личност, но да не можете да се сетите на нејзиниот лик, или додека раскажувате з

Пронајдете не на следниве мрежи: