ВЕЖБИ ЗА МОЗОК: Пишувајте со лева наместо со десна рака и…

Вежбањето на умот или невробик, се темели на тоа дека промената на рутината е важна за јакнење на врската помеѓу мозочните келии, а во тренингот треба да се користат сите 5 сетила.Кога учиме и памтиме, тоа го правиме на основа на асоцијации кои се создаваат во разни делови на мозочната кора, а кои се поврзани со некоја ситуација или личност.
За тоа е заслужен хипокампусот, дел од мозокот кој селектира информации, и ги одбира оние кои би можеле да му користат за во иднина.
Ако ја смените раката со која пишувате, тоа ќе биде поттик за мозокот – ако сте деснак, со моливот управува левата страна на мозочната кора. Кога ќе го префрлите моливот во другата рака се активира подрачјето на мозокот, како и мрежата и круговите на спротивната, десна страна. Одеднаш вашиот мозок е соочен со нов предизвик.
Добро утро
Разбудете се поинаку –со мирис на ванила, лимон или рузмарин наместо кафе. Држете го мирисот во кревет и вдишете го веднаш по будењето.
Туширање
Водете сметка за тоа дека сте стабилни и дека не можете да паднете во када и да ги затворите очите. Наместете ја температурата на водата, внимателно посегнете по сапунот и истуширајте се- сето тоа со раката која не е доминантна.
Миење заби
Измијте ги забите со рака која не е доминантна. Со неа мора да ја истиснете пастата за заби, да ја фатите четката за заби и да ги измиете – се што обично правите. Исто така исчешлајте се со раката која не е доминантна.

 

Модно мачење
Извадете ја од орманот облеката за тој ден. Не допирајте само со рака, туку и ставете ја покрај своето тело.
Чепчиња за уши
Мозокот е заробен со рутина , затоа ставете чепчиња за уши и јадете во тишина. На тој начин ќе мора да ги вклучите другите сетила за вообичаените задачи.
Променете ја рутината
Воведувајте по една или две новости во текот на денот. Наместо со кафе почнете го денот со житарици или променете ја радио – станицата која ја слушате.
Купка
Најдобра невробик вежба на крајот од денот е топлата купка. Искористете различни поттикнувачи – миризливи масла, сапуни, сунѓер, шолја чај, пријатна музика…
Слушајте
Читајте книга на глас – ќе го активирате другиот дел на мозокот во однос на оној кога читате во себе.
Крал на вежбите
Сексот е добра прилика да ги затворите очите и да стимулирате други сетила, за да ја убиете рутината. Направете нешто поинакво, – посипете го креветот со ливчиња од роза на пример.
Работете на ангажирање на сите сетила, не се потпирајте само на видот и слухот.
Бебињата светот го проучуваат со повеќе сетила отколку возрасните, гледаат и слушаат, но и повеќе работи ги ставаат во уста, со што стекнуваат постојано низа асоцијации и врска и активност со невронот.Кога учиме и памтиме, тоа го правиме на основа на асоцијации кои се создаваат во разни делови на мозочната кора, а кои се поврзани со некоја ситуац

Пронајдете не на следниве мрежи: