Везилка

Везилке, кажи како да се родипроста и строга македонска песнаод ова срце што со себе водиразговор ноќен во тревога бесна?Везилке, кажи како да се родипроста и строга македонска песнаод ова срце што со себе водиразговор ноќен во тревога бесна?- Два конца парај од срцето, драги,едниот црн е, а другиот црвен,едниот буди морничави таги,другиот копнеж и светол и стрвен.Па со нив вези еднолична низа,песна од копнеж и песна од мака,ко јас што везам на ленена ризаракав за бела невестинска рака.Судбинско нешто се плело за векаод двете ниски, два созвучни збора,едната буди темница што штрека,другата буди вкрвавена зора.2.Везилке, крени наведена лика,погледај в небо во претпладне златно:се зари таму и чудесна бликатвојата везба на синото платно.За тебе нема ни вечерен запад,ти – морно око на трепетна срна.две бои таму ти горат и капат,две шарки твои – црвена и црна.Зар не се плашиш јаркоста нивна,и најмил спомен дека ќе ти згасат?Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,дните ти минат, прокоби се гласат.- И најмил спомен што в душа ми блеснасе гаси од нив ко цвеке без боја.Но ти што ловиш звук на чудна песна,ти си ја кажа судбината своја.Блаже КоневскиВезилке, кажи како да се родипроста и строга македонска песнаод ова срце што со себе води

Пронајдете не на следниве мрежи: