Ви доаѓа славата? Еве посни црно-бели кифлички готови за 20 минути!

На праг ни доаѓа славата Св. Никола и размислувате какви благи да послужите, а тие да не бидат вообичаени како и секоја година? Има предлог за вас.Потребни состојки за тесто:
   250 ml топла вода
   50 g свеж квасец
   250 ml масло
   600 g брашно
   3 лажички какао
   3 лажички брашно
   Џем
За сируп:
   350 g шеќер
   350 ml вода
   Ванила

 
Подготовка:
1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.
2. Поделете го на 2 дела.
3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.
4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).
5. Оставете ги околу половина час да нараснат.
6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.
7. Загрејте ја рерната на 220 степени.
8. Премачкајте два голема плеха.
10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.
11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.
12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.
13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.
14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.Потребни состојки за тесто:
   250 ml топла вода

Пронајдете не на следниве мрежи: