Ви ја откриваме ТАЈНАТА на јапонките! Тие никогаш не се дебелеат и имаат младолик изглед!

Да, исто така и живеат долго… Која е нивната тајна?Писателката Наоми Мотијама, ја открива тајната во нејзината книга. Таа пишува за кујната на нејзината мајка и дава одговори за долг и здрав живот. Храната која е дел од секојдневната јапонска кујна, помага во губењето на килограмите. Најчесто конзумираната храна е риба, морски алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај.
Сите овие намирници, вклучуваат својства, кои го спречуваат стареењето и помагаат во губењето на килограми на здрав начин.
Секој ден, јапонките готват оброци, кои вклучуваат риба на скара, чинија ориз, готвен зеленчук, ссупа, зелен чај и овошје. Луѓето во Јапонија јадат околу 10% од сите риби на светот.
Писателката истакнува во книгата, дека од самото детство, родителите ги учат децата да јадат споро и да го ценат секој залак. Тие никогаш не смеат целосно да ја наполнат чинијата и дека секоја храна треба да биде сервирана посебно.

Таа исто така пишува дека нивната традиционална кујна е лесна, храната се подготвува споро  и тоа се подготвува на скара, се вари или пак се приготвува на пареа. Тие го заменуваат лебот со ориз и го јадат со секој оброк.
Во Јапонија, појадокот се смета за најважен оброк, и вклучува многу храна и пијалоци како зелен чај, ориз подготвен на пареа, супа, тофу, млад лук, морски алги, омлет, или риба.
Тие ретко јадат десерти, но кога јадат, тоа се во мали количини. 
И како за крај, писателката спомнува дека физичката активност е дневна рутина во Јапонија. Посветуваат време на возење велосипед, пешачење и планинарење…Писателката Наоми Мотијама, ја открива тајната во нејзината книга. Таа пишува за кујната на нејзината мајка и дава одговори за долг и здрав живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: