ВИ ПАЃА КОСАТА?- Во овие случаеви ПОДИТНО ОДЕТЕ НА ЛЕКАР!

Сосема е нормално косата да ви паѓа доколку се фарбате, бланширате, постојано фенирате, пеглате или ја виткате косата со фигаро, но постојат и посериозни причини.Доколку по миењето на косата или чешлањето видите еден куп влакна на подот или во кадата, немојте веднаш да паничите- тоа е сосема нормално.
„Секој човек просечно губи измеѓу 60 и 100 влакна секој ден“- кажува Анабел Кингсли, стручњак за болести на влакната и кожата на главата.
Исто така, доколку имате долга коса, ќе ви се причини дека може да ви испаднале повеќе од потребното, но сепак постојат ситуации кога ќе треба да обрнете внимание и да ја проверите причината за паѓањето на косата.
За почеток, треба да знаете дека косата е доста чувствителна на секоја промена и секој стрес во организмот. На пример, само една недела диета, стомачен вирус, тепература или стресна недела на работа, може да ви предизвика претерано опаѓање на косата.

Кога сето тоа ќе заврши, косата повторно ќе расте и се ќе се врати во нормала, така да нема причина за грижа- објаснува Кингсли.
Некои жени забележуваат дека косата интензивно им паѓа кон крајот на летотот, а зимата значително помалку, а губењето на влакната го забележуваат и оние дами кои ја мијат косата еднаш до два пати неделно.  Понекогаш е во прашање и генетика. Од друга страна сосема е нормално косата да ви паѓа доколку редовно се фенирате пеглате и ја виткате косата со фигаро.
„Доколку се засили паѓањето на косата и потрае повеќе од три месеци, треба да побарате помош од дерматолог“, советува Анабел Кингсли. Хроничното опаѓање на косата може да значи и недостаток на железо витамин Д и Б12, како и проблеми со штитната жлезда,па затоа и не треба да ја игнорирате оваа појава.
Што порано ја откриете причината, вашата коса побрзо ќе се врати во првобитната состојба и повторно ќе биде здрава и јака!Доколку по миењето на косата или чешлањето видите еден куп влакна на подот или во кадата, немојте веднаш да паничите- тоа е сосема нормално.

Пронајдете не на следниве мрежи: