Многумина од нас често мислат колку брзо летна времето. Зошто со староста имаме чувство дека годините ни поминуваат сѐ побрзо?Во својот труд „Принципи на психологијата“, психологот Вилијам Џејмс објаснува дека со акумулацијата на годините чувството дека времето минува побрзо се засилува, бидејќи зрелата возраст е придружена од сè помалку и помалку незаборавни настани.
Унифицирана со секојдневие и недостатокот на нови искуства ја создаваат оваа илузија.
Во почетокот на 60-тите години, била спроведена анкета меѓу две возрасни групи (18-20 годишни и 70-годишни лица), така што психолози ги замолуваат доброволците да формулираат метафора на поимот „време“.
Младите го опишале времето како „мирен океан“, додека возрасните го асоцијацирале со „брз воз“.
Еве какви објаснувања даваат психолозите за овој феномен:
1. Ние го чувствуваме темпото на времето според искуствата. Односно, колку побројни се тие и повеќе незаборавни, толку побавно ни се чини дека се одвива тоа.
2. Ние постојано споредуваме интервали со годините, на кои сме во моментов. За 5-годишниот 1 година е 20% од неговиот живот, но за 50-годишниот – само 2%.
3. Со староста обрнуваме сѐ помалку внимание на времето. Во почетокот на декември на пример, децата почнуваат да ги одбројуваат деновите до Божиќ и со нетрпение го очекуваат овој момент. Тоа создава чувство дека времето тече побавно. Кога сме концентрирани на други работи и не обрнуваме внимание на времето, ни се чини дека тоа се одвива побрзо.
4. Со натрупувањето на годините, се акумулира и стресот. Чувството дека немаме доволно време за да направиме нешто, може да се толкува како чувство дека времето минува премногу брзо.
А што можеме да направиме за да го намалиме чувството дека времето „одлета“?
Одговорот е многу едноставен – да го прошириме своето секојдневие. Меѓу докажаните методи се учењето на нови нешта и прифаќање на нови вештини, патувања до непознати места, запознавање нови луѓе, преземање на спонтани акции и др.Во својот труд „Принципи на психологијата“, психологот Вилијам Џејмс објаснува дека со акумулацијата на годините чувството дека времето