Ви се случило милион пати, но веќе нема! Како да залепите скршен кармин?

Веќе нема да морате да го фрлите омилениот кармин само затоа што се скршил.Сигурно многу пати ви се случило додека го нанесувате карминот, тој да ви се скрши, а кога тоа ќе се случи пред некое важно излегување, доброто расположение може да ви отиде во неповрат.
Многу од нас во тој момент едноставно го фрлаат карминот во канта за ѓубре, не размислувајќи дека постои многу подобро решение.
Се разбира, заради текстурата на кармините вакви незгоди се случуваат и со поскапи производи, и уште полошо е ако секој пат го фрлате карминот, па повторно плаќате и не толку мала сума на пари.
Затоа знајте, следен пат кога карминот ќе ви се скрши, се што ви треба е запалка. Скршениот дел од карминот ставете го во фрижидер на околу 10 минути за да се олади и стегне. Потоа, делот кој паднал загрејте го со запалка и внимателно залепете го на остатокот од карминот, што исто така претходно ќе го загреете со запаллка. Внимателно спојте ги деловите.
Откако карминот ќе се залепи, вратете го во фрижидер на околу еден час за да се стегне како што треба и да можете веднаш да го користите како ништо да не се случило.Сигурно многу пати ви се случило додека го нанесувате карминот, тој да ви се скрши, а кога тоа ќе се случи пред некое важно излегување, доброто рас

Пронајдете не на следниве мрежи: