ВИ ТЕЧЕ МЛЕКО ОД ДОЈКАТА, А НЕ СТЕ БРЕМЕНИ? Појавата е честа, а ова се причините!

Исцедокот од дојката во медицината е познат како поим за ослободување на течност од едната или двете брадавици кај жените недоилки, поточно кај оние кои сѐ уште се немаат остварено како мајки.Се наведува дека овој исцедок може да биде предизвикан од бројни безопасни причини, па сѐ до оние потенцијално критични – вклучувајќи го и ракот на дојката.
Покрај тоа што се јавува кај трудниците доилки и жените во менопауза, исцедокот во многу случаи е нормална појава и кај тинејџерките. Кај жените коишто немаат деца, тој може да биде предизвикан и со претерана стимулација на градите, иритација од облека, како и нуспојава од некои лекови.
Многу жени се наоѓаат во дилема, бидејќи не знаат точно кај кое стручно лице да се обратат, бидејќи станува збор за многу фактори кои предизвикуваат исцедок од дојката. Повеќето се плашат дека исцедокот укажува на рак на дојката.
„Само во случај ако од дојката излегува крв, а не млеко, тогаш најчесто станува збор за рак на дојка. Прво што жената треба да го тестира е нивото на пролактин. Во случај на зголемено лачење, очекувано доаѓа до исцедок. Поимот во медицината е познат како галактореа, а е предизвикана од антидепресиви и намалена работа на штитната жлезда (хипотериоза)“ – објаснуваат гинеколозите.

Дека не станува збор за рак, како причина за појава на исцедок се наведува и проширувањето на млечниот канал, односно воспаленија и блокада на млечните канали под брадавиците. Бојата на исцедокот е зеленкаста, бела или црна, а во тој случај поминува сам од себе.
Во случај дојката да ви е црвена и топла на допир, а има и исцедок, можно е да станува збор за инфекција поради која во близина на брадавиците се појавува и гној. Оваа состојба се лекува со антибиотици во поголем број од случаите.
Секако, неопходно е да се консултирате со лекар и да направите ултразвук, микробиолошки брис, цитолошки брис и да го измерите нивото на хормони. Дотогаш, избегнувајте стимулација на загрозената дојка, бидејќи тоа може да го пролонгира исцедокот.Се наведува дека овој исцедок може да биде предизвикан од бројни безопасни причини, па сѐ до оние потенцијално критични – вклучувајќи го и ра

Пронајдете не на следниве мрежи: