Видеата на Филип Петровски со повеќе прегледи од цело раководство на ВМРО ДПМНЕ заедно!

Loading...

Филип Петровски го згази „пираот“ од БЕЛИОТ ДВОРЕЦ на Фејсбук Видео пораките кои преку Фејсбук со помош на обичен мобилен телефон ги упатува до јавноста Филип Петровски остваруваат и по над 158.000 прегледи. Петровски се снима сам со својот телефон, видеата се крајно аматерски снимани, немаат квалитетен тон, на моменти интернет конекцијата е лоша, а видео преносот на интернет често знае да „сецка“ и да се прекинува.И покрај тоа, неговите видеа остваруваат рекордна гледаност кај народот, а последното видео кое на Фејсбук е пренесувано во 4 часот наутро, само за 5 часа има гледаност поголема од 19.000 прегледи.
Треба да се напомене дека Петровски овие преноси ги прави на неговиот приватен Фејсбук профил каде нема можност да се плати за Фејсбук да го проследува видеото до што е можно повеќе луѓе, што пак значи дека едноставно неговите видео пораки народот ги гледа !Колку за компарација , видео интервјуто на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кое е снимано со високо професионална опрема, со врвен видео квалиет, врвен тон и без никакви пречки за 20 часа од објавувањето на интернет беше гледано 2.433 пати, што најблаго кажано е скромен резултат ако се спореди со гледаноста која ја остварува Филип Петровски.
Десет часа пред последниот видео настап на Петровски, свое интервју на телевизија Сител даде и вториот човек на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. И неговото интервју е снимено со најмодерна опрема, без тонски и видео пречки и е објавено на сајтот на телевизијата ( кој е еден од нај посетуваните во земјава ) и има гледаност од едвај 296 прегледи. Оваа гледаност ( која се остварила на еден од нај посетуваните сајтови во земјава  кој има повеќе од 60.000 кликови на ден ) не може никако да се компарира со таа која ја остварил Филип Петровски, сам со својот мобилен телефон и е поголема од 19.000 прегледи.
Простата логика кажува дека луѓето многу повеќе сакаат да го гледаат Филип Петровски од колку на пример Христијан Мицкоски или Александар Николоски.
Сепак зошто Филип Петровски сам со својот мобилен телефон привлекува повеќе гледачи од првиот и вториот човек на ВМРО ДПМНЕ кои даваат интервјуа на „мејн стрим“ медиуми оставаме да анализираат големите ПР умови и стратези во Скопје.
Простата логика кажува дека луѓето многу повеќе сакаат да го гледаат Филип Петровски од колку на пример Христијан Мицкоски или Александар Николоски. Сепак зошто Филип Петровски сам со својот мобилен телефон привлекува повеќе гледачи од првиот и вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ кои даваат интервјуа на „мејн стрим“ медиуми оставаме да анализираат големите ПР умови и стратези во Скопје.

loading...