Свекрвата ја замолила фотографиите од телефон да ѝ ги префрли на диск. Но, тогаш младата жена доживеала хорор – се соочила со интимни фотографии од мајката на својот сопруг, пишува „Дејли Мејл“.Фотографии од внуци, забави и одеднаш излегува фотографија од вулвата на свекрвата. Тогаш и градите, вагината…
„Што да правам? Да ги префрлам, да се правам дека не ги видов? Да ги избришам? Токму ова се случува кога сакате на некого да му помогнете“ – се пожалила жената на сајт за родители.
Тогаш следувале коментарите. Некои сочувствувале со нејзината мака, некои давале предлог сите да ги пресними и на тоа да гледа како за прв пат вистински да ги запознала родителите на сопругот. Трето мислење е дека и свекрвата ќе знае дека таа го видела тоа, но дека и двете, по стариот добар британски обичај, ќе молчат. Некои ѝ рекле да направи добра фотошоп забава. Четврти велеле дека можеби свекрвата ја мрази, па сакала со тоа да ѝ напакости знаејќи дека ќе молчи.
Најлошото е, рекла г-ѓа Физи, што нејзината свекрва сакала да ги однесе фотографиите на развивање.
„Мислам дека сите ќе ги избришам. Ако не знаела дека се таму, тогаш нема никаква штета. Но ако знае, тогаш ќе мора да ми признае, а мислам дека нема да го стори тоа“ – напишала на крај загрижената жена.Фотографии од внуци, забави и одеднаш излегува фотографија од вулвата на свекрвата. Тогаш и градите, вагината…
„Што да правам?