Шокантна сторија доаѓа од бокс-меч во Индонезија, каде се вели дека 18 лица погинале по огромниот хаос кој настанал откако настанала голема тепачка меѓу навивачите после самиот бокс-меч.
Стадионот кој имал капацитет за 500 посетители, бил преполнет, околу 1500 навивачи биле дел од овој настан, а откако започнала тепачката настанал вистински хаос откако толпата навивачи почнале да се разбегнуваат.
Судиите во финалето од Бупати Купот, за боксери во категоријата 58 килограми, ја доделиле победата на Алвис Румкорем, па сето тоа предизвика гнев кај навивачите на Хулиан Пигумеј, па така започнале нередите.Шокантна сторија доаѓа од бокс-меч во Индонезија, каде се вели дека 18 лица погинале по огромниот хаос кој настанал от