Кристофер Нејт отишол во дивина пред 27 години, направил колиба во која живеел, своите денови ги минувал читајќи книги и медитирал. Се враќал во цивилизација само да краде храна од камперите. Се додека полицајците не го фатиле како краде.
Тој на полицијата и кажал дека извршил повеќе од 1.000 кражби, го крадел само тоа што му било потребно за да преживее. Притоа во тоа бил многу успешен па настанала легенда за жителот од дивината.
Според митот и легендата, тој човек е виновен за сите кражби што се случувале во тој предел, а на крај се испоставило дека е и вистина.
Имено, тој нема посебно објаснување зошто живеел во дивината, но според некои информации тоа се случило после катастрофата во Чернобил.
Од средината ан 90-тите тој зборувал кратко само со еден излетник.
Тој цело време се трудел неговиот логор односно колиба да не била пронајдена, дури никогаш не ни палел оган. На есен се трудел да собере повеќе храна бидејќи во текот на зимата не сакал да прави стапки по снегот за да не биде откриен.
Во шаторот имал земјен кревет, малку мебел и радио применик. Инаку тој некое време имал и телевизор, но бидејќи пребрзо му ја трошел батеријата решил да не го користи.
Логорот бил неверојатно чист и среден. Никогаш не ловел, целата храна која ја конзумирал била крадена, па дури и книгите кои ги читал биле крадени.
Сега ја чека пресудата на судот. Погледнете го видеото.
Кристофер Нејт отишол во дивина пред 27 години, направил колиба во која живеел, своите денови ги минувал читајќи книги