Перо Антиќ ги даде најважните три поени во досегашната кариера во НБА лигата, откако во последните секунди на натпреварот против Шарлот Бобкетс го изедначи резултатот и ги одведе своите Атланта Хокс во продолжение, кое на крајот им ја донесе и победата.Шарлот доминираше во текот на натпреварот, со водство и до 14 поени. Но, во последниот напад на Атланта, која губеше со три разлика, откако играчите на Шарлот го покрија специјалистот за три поени Кајл Корвер, тој ја подаде топката до Антиќ. Антиќ исто така беше покриен и исфрлен од рамнотежа, но сепак, со отскок само на една нога, успеа да погоди од линијата за три поени.
Македонија еруптира, извика коментаторот на натпреварот по неверојатниот погодок на Антиќ.
Тоа беа првите поени на Антиќ на натпреварот, со кои Атланта изедначи на 101-101, и успеа да се избори за продолжение, на крајот на кое натпреварот заврши 118 – 116 во полза на Атланта. Првиот Македонец во НБА лигата имаше и седум асистенции, четири скока и три блокади, во 22 минути кои ги мина на теренот. Се очекува Антиќ да добива поголема минутажа во следните натпревари, откако Атланта се соочи со тешка повреда на доминиканскиот центар Ал Хорфорд, кој ќе биде надвор од тимот на неопределено време.
– Ќе мораме да ја затвориме дупката која се создаде со повредата на Хорфорд. Елтон Бренд, Перо Антиќ и Густаво Ајон се уникатни во вештините кои ги имаат, изјави тренерот на Атланта, Мајк Буденхолзер.
Шарлот доминираше во текот на натпреварот, со водство и до 14 поени. Но, во последниот напад на Атланта, која губеше со три разлика, откако играчит