Видео: Авто-механичар измислил направа која ќе им го олесни породувањето на жените

Хорхе Одон, 59-годишниот авто – механичар од Аргентина, измислил направа која би можела да остави белег во историјата на медицината.Навлекувањето пластична ќеса преку главата на бебето, за да се спаси неговиот живот можеби делува контраиндикативно, но тоа е токму она што предлага Одон со својот изум.
Всушност, направата „Одон“ помага при безбедно извлекување на бебето заглавено во породилниот канал. Се што треба медицинското лице да направи, е да ја навлече ќесата на главата на бебето, да ја надува и да ја повлече рачката на неа за новороденчето да може даизлезе.
Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“ гинеколозите и акушерите имаат само зборови кој изразуаат благодарност за изумот на Одон.
„Ова е многу возбудливо, со години немало никаков напредок во тој домен“ – изјавил доктор марио Мериалди.
Хорхе Одон прототипот на оваа направа ја створил во својата кујна со помош на стаклен бокал, кукли и пластични ќеси со платнени рачки.
Својот изум го претставил во Светската здравствена организација, каде предизвика голем интерес. Една американска компанија, веднаш понудила лиценца за производство.
Докторите сметаат дека ваквиот изум може да спаси многу бебиња во земјите во развој, па дури и да го намали бројот на породувања со царски рез.
Во светот се раѓаат околи 137 милиони бебиња, од кои 10 отсто со тешки компликации. Повеќе од 5 милиони бебиња и 260.000 жени умираат на пораѓај.

 Одоновата ќеса е тестирана при пораѓање на триесет Аргентинки.
Триесет годишната Лусијана Валје била воодушевена: нејзиното бебе тежело 9 килограми при раѓањето, па оваа „ќеса“ навистина и помогнала.
Предвидени се понатамошни тестирања во Кина, Индија и Јужна Африка.
Навлекувањето пластична ќеса преку главата на бебето, за да се спаси неговиот живот можеби делува контраиндикативно, но тоа е токму она што предлаг

Пронајдете не на следниве мрежи: