Најмалку 14 луѓе, меѓу кои шест деца, загинале во сообраќајна несреќа на југот на Турција кога автобус што превезувал ученици на екскурзија излетал од патот и паднал во канал, јавуваат турските медиуми.Меѓу загинатите се три девојчиња и три момчиња, како и осум возрасни лица. Во несреќата се повредени 24 луѓе, јави турската агенција Доган.
Автобусот се враќал од екскурзија во познатото археолошко наоѓалиште Каратепе, кога излетал од патот и паднал во канал.
Несреќата се случила откако возачот загубил контрола над возилото, а полицијата ги истражува причините.Меѓу загинатите се три девојчиња и три момчиња, како и осум возрасни лица. Во несреќата се повредени 24 луѓе, јави турската агенција Доган.