Играчот на Милан, Марио Балотели, испровоциран од неколкуте провокации во текот на дерби-натпреварот од Италија, на крајот од мечот одговори на сите овие провокации со посебен поздрав до оние кои упатуваа секакви навреди кон него.
„Го фрли нашиот дрес“ , „Неблагодарен, непознат Балотели – секогаш ќе те навредуваме“ и „Дресот кој те прослави не смееш да го фрлаш, туку да го почитуваш“… Ова беа дел од транспарентите кои беа истакнати од страна на фановите на Интер, но, се ќе беше во ред ако остана само на тоа, сепак, расистичките скандирања, па дури и истакнување на балон во облик на банана, беше целосно неприфатливо. На сево ова, следеше и одговор од Балотели кој не можеше а да не реагира на крајот од мечот.
Големото дерби во Италија заврши без победник, со поделба на бодовите, конечниот исход беше 1-1. Први поведоа играчите на Милан, со голот на Ел Шарави во 21-вата минута. За 1-1 стрелаше Скелото во 71-вата минута од мечот. Натпреварот на „Џузепе Меаца“ го следеа 80.000 гледачи.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Играчот на Милан, Марио Балотели, испровоциран од неколкуте провокации во текот на дерби-натпреварот од Италија, на кр
Пронајдете не на следниве мрежи: