Видео: Бегалскиот камп „Џунгла“ на Кале ВО ОГАН по масакрот во Париз

Мигрантскиот камп „Џунгла“на Кале во Франција, бил запален откако стотици луѓе беа убиени во терористички напад и во Париз, велат извештаите.Голем број мигранти се повредени во пожарот кој се запали само неколку часа откако францускиот главен град беше нападнат од терористи.
Еден хуманитарен работник вели: „Деталите се површни во моментот. Она што го знаеме е тоа што голем број на луѓе во логорите се повредени, а ние се обидуваме да најдеме медицинска помош за нив..”
Тој додава: „Бегалците се во моментов однесени во центарот Ашрам и засолништата за жените, додека пожарите не се изгаснат.”
Заменикот градоначалник на Кале, за „Раша тудеј“ изјави дека противпожарните служби се обидуваат да го стават огнот под контрола.
– Огнот зафати околу 10.000 квадратни метри. Причината за пожарот се уште е непозната, а пожарникарите се борат со огнот, иако ветрот им ја отежнува работата, рече тој.
Бегалците се обидувале да побегнат кога се раширил огнот, а според зборовите на заменик-градоначалникот, голем број од нив биле евакуирани.

Засега е непознато дали има настрадани во пожарот.
Се шпекулира дека пожарот е запален во знак на одмазда за нападите во Париз, но според мислењето на заменик градоначалникот тоа се две различни работи.Голем број мигранти се повредени во пожарот кој се запали само неколку часа откако францускиот главен град беше нападнат од терористи.
Еден

Пронајдете не на следниве мрежи: