Програмерите на КамАЗ со автономен систем за управување, објавија видео за тестовите на новиот камион на затворен полигон. Беспилотниот товарен автомобил е толку „паметен“, што наскоро може да излезе на јавните патишта иако сѐ уште е во завршна фаза на тестирање.Автономниот товарен автомобил самостојно забрзува, свртува на кривини, застанува кога има пешаци и сл. Засега, тој го прави тоа под контрола на испитувачи кои се наоѓаат во кабината. Но, постои веројатност во иднина беспилотни КамАЗ да се упати на самостојно возење.
Освен тоа, програмерите тврдат дека рускиот беспилотен систем, за разлика од странските анализи, нема таква потреба од патна ознака. Европските камиони ја користат како една од ознаките за утврдување на својата положба на патот, а руската машина може да се движи како по патишта со едвај препознатливи ознаки, така и по патеки каде што и воопшто нема ознаки.
Според првичните планови, сериската верзија на беспилотниот камион ќе биде пуштена на пазарот во 2022 година, но не само во Русија, туку и за извоз.
Програмерите велат дека главниот проблем за толку долг рок не е во потребата да се насочи технологијата, туку во проблемите со законите.
За создавање на потребната технологија за пласирање на беспилотни возила на патот според нормативна база, ќе бидат потребни барем неколку години.Автономниот товарен автомобил самостојно забрзува, свртува на кривини, застанува кога има пешаци и сл. Засега, тој го прави тоа под контрола на исп