Видео: Без ниеден куршум Русите ја заземаа противракетната база во Севастопол!

Додека во Вашингтон и Брисел се размислува за можни санкции против Русија, а Москва предупредува дека ќе одговори со иста мера, Градскиот парламент во Севастопол едногласно одлучи да ги прекине врските со Украина.Поред дипломатските борби, во тек е и медиумска војна на Западот и Москва, па така денес се појавија неколку непотврдени вести кои може да се сметаат за пропаганда.
Една од нив е дека симнатиот претседател на Украина Виктор Јанукович доживеал срцев удар и дека е сместен на лекување во една московска болница. Пред неколку дена рускиот претседател Владимир Путин ги демантира вестите дека Јанукович починал, како јавија некои медиуми.

21:19 часот – Група вооружени лица, за кои известувач од агенцијата Ројтерс претпоставува дека се Руси, се залетала со камион во украинската база на противракетната одбрана во Севастопол и го заземала, без ниту еден истрелан куршум, јавува Би-Би-Си. 

Додека во Вашингтон и Брисел се размислува за можни санкции против Русија, а Москва предупредува дека ќе одговори со иста мера, Градскиот парламент во Севастопол едногласно одлучи да ги прекине врските со Украина и поврзувањето со Русија.
Новото раководство на Украина ја отфрли одлуката на градските власти на Севастопол, оценувајќи ја дека е неуставна, а украинскиот премиер Арсениј Јаценјук изјави дека никој во цивилизираниот свет нема да ги признае резултатите, како што рече тој, од таканаречениот референдум за припојување на Крим во Русија, кој е закажан за 16-ти март.
Директор на Одделот за информации на украинското Министерство за надворешни работи Евгениј Перебијнис изјави дека “вооружените лица” ни денес не пуштиле група Воени набљудувачи на ОБСЕ на територијата на Автономната Република Крим, пренеле украинските медиуми.
 Поред дипломатските борби, во тек е и медиумска војна на Западот и Москва, па така денес се појавија неколку непотврдени вести кои може да се смета

Пронајдете не на следниве мрежи: