Циклонот Реа го зафати Балканот. Поголемиот дел од регионот е зафатен со обилни врнежи силен ветер и пад на температурите. Бура проследена со поројни дождови и силни ветришта ја парализираа Хрватска. Во Дубровник веќе се измерени 70 метри квадратни наврнат дожд.Црвеното предупредување на Метеоалармот важи за Јадранот и источните делови на БиХ и предупредува на опасно невреме кое може да предизвика големи штети и незгоди со опасност по живот.
Силното невреме предизвика големи проблеми и со електричната енергија. Во Задар, половина час по полноќ пожарникарите имале полни раце работа, бидејќи многу од дрвјата во градот и надвор од него биле искршени. Поради оштетување на патната сигнализација на патниот правец Солин-Клиш се превртел камион, по што е запрен сообраќајот во дој дел од земјата.
Снежното невреме не ја одмина и Србија. Поради обилниот снег два далекуводи во Златибор останале без електрична енергија. Неколку села во околината се целосно отсечени, каде наврнале и до 30 центиметри снег. Критична е состојбата и во околината на Ваљево, каде до крајот на денот се очекува водостојот на реката Колубара да достигне и до 2 метра. По целиот тек на реката Морава е прогласена вонредна состојба.
Според временската прогноза од дежурните центри на Балканот, невремето нема да стивне ниту за викендот. Под дејство на циклонот кој се движи од Јадранот кон јужниот дел на Балканскиот полуостров, не е поштедена ниту Црна Гора.Црвеното предупредување на Метеоалармот важи за Јадранот и источните делови на БиХ и предупредува на опасно невреме кое може да предизвика големи ш