Во вчерашната дебата на емисијата „Отворено Студио“ на Тв Нова гостуваше Цветин Чилиманов кој говореше за монтирани извештаи и притисоците на СДСМ врз новинарите.-Агенциите кои што ги прават извештаите ги прават со 10 новинари, кои што ќе бидат однапред одбрани од некоја невладина на Сорос, ќе дадат оценка за медиумската состојба ќе напишат дека се е катастрофа на ниво на Авганистан и на такви извештаи амбасадите им климаат со главата да во ред е така во право сте, тоа е проблем и треба да се решава, појаснува Чилиманов и додава:
„Некој од членовите од СДСМ во Ад Хок телото, колегата Трпеновски, еднаш отворено кажа на собир со повеќе амбасадори дека по изборите доколку СДСМ победи и формира Влада, врз основа на извештаите на Ад Хок телото и Агенцијата за медиуми ќе се затвораат телевизии кои што биле небалансирани. Јасно е дека тоа некој му го кажал на него, не е тој толку паметен сам да го смисли, значи јасно е дека затоа се зборувало во редовите на СДСМ, јасно е дека така размислувале дека тие извештаи или идни извештаи кои што ќе ги направи Агенцијата за медиуми ќе служат како основа за одземање на лиценци доколку не им успее овој план со финансиско осакатување или уништување да се уништат медиумите кои што би известувале критички за СДСМ.“
-Агенциите кои што ги прават извештаите ги прават со 10 новинари, кои што ќе бидат однапред одбрани од некоја невладина на Сорос, ќе дадат оценка з