Во својата редовна колумна, членот на Советот на култура (во кој членуваат Мирослав Грчев, Ѓунер Исмаил, Петар Арсовски, Софија Куновска…) Никола Гелевски, кој имено се јавува и како уредник на порталот ОКНО и исто така еден од раководителите на ГЕМ клубот кој е финансиран од СОРОС(400 000 евра годишно), повикува на менување на името на својата држава.
Како што наведува во својата колумна членот на раководството на СДСМ, менувањето на името на Република Македонија и не би требало да биде голема национална траума.
“Мојот избор е јасен: промената на името не треба да биде голема национална траума. Нашата фиксираност токму за уставната формулација на името нè оневозможува да дофатиме некои пошироки импликации од целото прашање (патем, станува збор за устав кој секој момент го менуваат те грчки ембарга, те вооружени етнички банди, те партиски ловци во матно, те дилетанти – правници…); освен тоа, нашата фиксираност врз драмата со името многу често не е многу различна од грчката, сите се согласуваме, сосема поместена опседнатост со зборот „Македонија“.”
Овој став на Никола Гелевски јасно се поклопува со ставовите на неговите двајца лидери. Новиот лидер на СДСМ пред неколку години јавно повика на “превиткување на кичмата” во врска со спорот што ни го наметна Грција, а пак новиот заменик-претседател во СДСМ, Радмила Шеќеринска, во 2008 година беше децидна кога на партиски митинг рече: Доколку дојде СДСМ на власт, Република Македонија за 6 месеци ќе влезе во ЕУ и НАТО.
Останува неразјаснето прашањето дали можеби членот на СДСМ Никола Гелевски ја врши улогата портпарол на Грција и ги брани нивните ставови, или можеби само ни навестува дека новото раководство на СДСМ веќе одлучи што ќе прави со името, а тоа е менување на истото, според условот на Грција.
Сепак СДСМ одлучи да попушти во однос на прашањето за името и да и направи услуга на Грција, која е се погласна во однос на блокирањето на нашите евро – интеграции. По се изгледа дека Заев и Шеќеринска во СДСМ ја добиле улогата да го сменат името и како што велат самите “да и помогнат на Македонија во патот кон ЕУ”, а тоа подразбира менување на уставното име и националниот идентитет на земјата.
Никола Гелевски исто така се има качено и на белата Лада како говорник на таканаречениот ОТПОР, а е и редовен модератор на трибините организирани од СОРОС(за кои зема вртоглави хонорари) кои имаат намена да ги бранат интересите на сите, освен на Република Македонија. За миленикот на Владе Милчин се вели дека има сомнително образование.Во својата редовна колумна, членот на Советот на култура (во кој членуваат Мирослав Грчев, Ѓунер Исмаил, Петар Арсовск