Иако се сметаше дека Конгресот ќе му ја даде целосната поддршка на Обама за напад на Сирија, неговото барање виси на конец откако американскиот Њујорк Тајмс објави снимка на која е прикажана моменталната состојба во Сирија и како се стрелаат војници. Додека претседателот е во Русија што го забави притисокот на Белата куќа врз демократските конгресмени, а опозициското републиканско раководство најави дека нема да врши притисок врз своите конгресмени во начинот на кој ќе гласаат, мнозинство од членовите на Претставничкиот дом се изјаснија против нападот. – Ако се гласа за резолуцијата денес, таа нема да помине, пренесува МИА.
Дури 217 членови на Претставничкиот дом најавуваат дека ќе гласаат против, што е доволно резолуцијата да биде одбиена, изјави Ричард Кенту од телевизијата Еј-би-си, која како и другите медиуми во Вашингтон постојано ги бројат и пребројуваат конгресмените во однос на нивната поддршка или противење на резолуцијата.
Претставничкиот дом има 435 членови, што значи дека на Обама му се неопходни најмалку 218 гласови.
Важен фактор во намалување на волјата за американски напад врз Сирија е видео снимката објавена вчера од Њујорк тајмс, во која се гледа како герилци кои се борат против армијата на Башар ал Асад ладнокрвно застрелале седум заробени војници кои претходно ги претепале и ги натерале да легнат на земја.
Според Њујорк тајмс, масакрот е дело на Абдул Самад Иса, командант на неколку стотини герилци на северот на земјата.
Поголем број конгресмени реагираа, а сите телевизии во САД драматично известија за оваа видео снимка, со забелешки дека американскиот напад врз армијата на Сирија ќе значи поддршка за истите тие герилци.Додека претседателот е во Русија што го забави притисокот на Белата куќа врз демократските конгресмени, а опозициското републиканско раководство на