Видео: Дете со аутизам им се спротистави на силеџиите и ги остави сите без зборови

Многу е тешко да се соочите со оној кој редовно ве малтретира, а најтешко е притоа да не го влошите проблемот.Џејк, младо момче со аутизам, застана пред силеџиите од неговиот клас и им се обрати за време на часот по физичко виспитување. Неговиот храбар подвиг беше снимен во склоп на Проектот против силеџиите, чија цел е да сопрат ваквите девијантни повјави на дискриминација и понижување помеѓу децата и тинејџерите.
Со треперлив глас Џејк им вели на соучениците: „Мислам дека не ме гледатемене како личност. Ме гледате како мета. Ме изоставате надвор од вашите друштвени активности. И никогаш не обрнувате внимание на тоа што ви го кажувам.
Се обидувам и сакам да ви бидам пријател, но вие не сакате да сте пријатели со мене. Тоа прави да се чувствувам лошо“

 
По снимањето на видеото и пуштањето на истото во етерот, Џејк вели дека забележува подобрување во неговиот социјален живот.
„Силеџиството имаше силно влијание на мојот живот, но по снименото видео, сега имам многу пријатели. Им порачувам на сите деца со аутизам: Ако некој ве малтретира, спротиставете му се, кажете дека тоа не ви се допаѓа. Ако не успеете, тогаш обратете се на некој возрасен. Можеби ќе биде тешко бидејќи ние потешко поднесуваме стрес од останатите деца, но ќе го надминете тоа и ќе бидете прекрасни. Всушност, ние веќе сме прекрасни“
Џејк, младо момче со аутизам, застана пред силеџиите од неговиот клас и им се обрати за време на часот по физичко виспитување. Него

Пронајдете не на следниве мрежи: