Потрагата по женска вијагра не престанува, особено како што знаеме дека постојат многу дами кои не можат лесно да го постигнат сексуалното задоволство. Дали, за подобар сексуален живот и посилен оргазам, би се согласиле вашиот лекар во областа во близина на клиторисот да ви вбризга инјекција од вашата крв?
Верувале или не, ова е нов револуционерен метод за лекување на жени со сексуални проблеми, особено оние кои се родиле или ја изгубиле нивната чувствителност со возраста.
Ендокринологот и експерт за матични клетки, д-р Семјуел Вуд од Калифорнискиот Ла Јола центар за сексуално задоволство, ја патентирал О-вакцината за која тврди дека истовремено ја зголемува сексуалната желба и задоволството во кревет. Таа се вбризгува во т.н. О-точка, кој се наоѓа на влезот во вагината, во близина на клиторисот.
О-вакцината се состои од сопствени тромбоцити во крвта на жената, а делува така што го стимулира растот и развојот на нови клетки во најинтимната област, при што клиторисот и вагината стануваат многу повеќе чувствителни на било какво надразнување.
Една доза од О-вакцината, која се уште е во фаза на клинички испитувања, чини околу 1.500 американски долари, а засега е докажано дека нејзините моќни ефекти траат подолго од година дена.
Дали, за подобар сексуален живот и посилен оргазам, би се согласиле вашиот лекар во областа во близина на клиторисот да ви вбризга инјекциј
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.