На денешната собраниска расправа во Собранието на Република Македонија пратениците дискутираат по повод точката од дневниот ред во врска со поднесената интерпелација од страна на СДСМ за работата на претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска.Имено, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во својата реплика кон Горан Сугарески од СДСМ истакна дека денешната интерпелација е само еден од многуте обиди на СДСМ да ги стопира и блокира позитивните реформски процеси во високото образование и да се задржи статус кво состојбата во високото образование.
-Колега Сугарески, не е оваа тема поврзана само со формирањето на новиот Универзитет за национална одбрана Дамјан Груев, туку и сите теми кои што се поврзани со реформи во високото образование. Вашата Пратеничка група има очигледна намера да ги блокира, да ги стопира и да ја зачува Статус кво состојбата во Република Македонија во високото образование. Сугарески знаете што значи статус кво?, рече Димовски.
Потоа Димовски се осврна и на вчерашните случувања на Економскиот факултет каде неколку професори, поранешни декани, се осомничени за примање поткуп и злоупотреба на својата позиција, криминал кој што како што рече Димовски, СДСМ со години упорно го штити и брани.
-За жал вчера го видовме најгрдото лице на статус кво состојбата во високото образование кое што вие со години го заштитувате и го браните. Нашата идеја беше да се воведе конкуренција во високото образование. Нека има два Економски факултетите, нека има два правни факултети, нека има два Медицински факултети во Скопје. Во што е стравот? Поедини групи на професори кои што со години и години си ги билдале своите банкарски конта и упропастија стотици надежи, стотици фамилии, професори кои што од децата кои живеат во студентски домови барале мито? Тоа го штитите господине Сугарески ! Затоа сте толку успаничени“, потенцираше Димовски.
На крајот, тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била опција која што се залагала за воведување на што поголема конкуренција во виското образование и додаде дека до она што вчера се случи на Економскиот факултет сигурно немало да дојде доколку СДСМ ја поддржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што поголема конкуренција во образованието и реформи од типот на екстерно тестирање.
-Нема ништо лошо во формирање на нов универзитет. Има една добра работа, а тоа е конкуренцијата. Да имаше два економски факултети во Скопје никогаш овие професори, не велам сите, никогаш овие професори немаше да имаат можност да го прават тоа што Основното јавно обвинителство тврди дека го правеле. Во овој предлог е предложено да има уште еден државен правен факултет во Скопје. Никогаш никој нема да се охрабри на државниот правен факултет да влезе во ваква ситуација која што ја гледаме на економскиот факултет. Дајте да формираме и нов медицински факултет, втор во Скопје. Зошто ? Заради конкуренција. Заради тоа што знаеме дека со генерации истите презимиња по цел ходник ги гледаме. Конкуренцијата е заштита и од мито и од корупција и од непотизам и од политички влијание. Конкуренцијата е заштита и од вас и од нас. Вие се противите на конкуренцијата. Целата кавга не е ниту за Член 153 ниту за член 2 од Деловникот, целата кавга се сведува на различни политички концепти во високото образование. Ние се залагаме за конкуренција, вие сте против конкуренцијата! Ние велиме екстерно тестирање, бидејќи со екстерно тестирање не може професор да побара мито, заврши Илија Димовски.
Имено, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во својата реплика кон Горан Сугарески од СДСМ истакна дека денешната интер