Видео: Директен напад на полицијата врз демонстрантите во Бразил

Ситуацијата во Бразил е се покритична откако се судрија полицијата и демонстрантите. 
Како и во Турција, така и во оваа земја, демонстрациите се проширија во повеќе градови. Многу медиуми не известуваат за моменталната сосотојба во оваа земја, па населението се обидува со користење на социјалните мрежи и youtube да постира видеа, фотографии и коментари за моменталната ситуација. 
Видеото е од бразилскиот град Сао Паоло кој се смета за еден од најкритичните бразилски градови во кој криминалот е на високо ниво. 
Бразилскиот народ се крена на протести поради огромните трошоци кои ги создава владата за организација на Светското првенство во фудбал кое треба да се одржи следната година во оваа земја. Ситуацијата во Бразил е се покритична откако се судрија полицијата и демонстрантите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: