ВИДЕО: Докторите ја прогласиле за мртва, а таа се РАЗБУДИЛА во ковчег

„Кога ја ставив раката на гробот почувствував врева. Тогаш го слушнав тропањето и нејзиниот глас. Бараше помош…“Перез била во третиот месец од бременоста, кога еден ден паднала во несвест откако се разбудила во текот на ноќта за да отиде до тоалетот кој бил надвор од куќата.
Се верува дека колабирала откако доживеала паничен напад откако слушнала истрели од огнено оружје.
Откако почнала пена да и изглегува од устата, нејзините религиозни родители повикале свештеник верувајќи дека нивната ќерка била опседната со лош дух.
Како што изијавиле нејзините родители, свештеникот се обидел да го избрка лошиот дух, но девојката станувала се повеќе и повеќе безживотна, каде откако била пренесена во болница, три часа подоцна била прогласена нејзината смрт.

Ден после погребот на Перез, нејзиниот сопруг Руди Гонзалес, го посетил гробот каде слушнал тропање и звуци. Веднаш го повикал нејзиното семејство и уште во истиот момент почнале да го кршат бетонот и да го извадат ковчегот надвор.
За локалната телевизија нејзиниот сопруг изјавил дека откако ја ставил раката на нејзиниот гроб почувствувал удари, а веднаш потоа го слушнал нејзиниот глас како вика и моли за помош.
„Тоа беше еден ден откако ја погребавме. Не можев да поверувам. Бев пресреќен и полн со надеж.“

Хесус Вилануева, човекот кој работи на гробиштата изјавил дека и тој слушнал звуци кои доаѓале од гробот, но како што тој вели: „Се уверив себе си дека врисоците доаѓаат од друго место, не ни помислував дека таму има некој жив.“
Откако го извадиле ковчегот, заедно со него веднаш била качена во камион и пренесена во најблиската болница. Но и покрај сите напори на докторите да ја вратат во живот, тестовите покажале дека Перез е клинички мртва.

Докторката Клаудија Лопез изјавила дека нејзиното семејство било избезумено кога ја донеле во болница, но во исто време и полно со надеж дека нивната сакана е жива. И покрај напорите да ја вратат во живот, таа веќе била мртва.
Откако по втор пат била констатирана нејзината смрт, семејството повторно го вратиле нејзиното тело и ја однеле на гробишта.

Лекарите веруваат дека Перез доживеала тежок напад на паника од која нејзиното срце привремено престанало да работи или пак веруваат дека се работи за катаплексичен напад каде се појавува привремено губење на функцијата на мускулите предизвикано од силен стрес и страв, при што во таква ситуација жртвата е целосно свесна, но парализирана во телото, па подоцна може да почине од недостаток на кислород.

Нејзината братучетка Каролина Перез изјавила дека откако ја извадиле од гробот таа се уште била топла и нејзиното срце се уште работело. Имала гребатини на нејзиното чело и модринки на прстите за кои верувале дека очајно се обидувала да излезе од ковчегот.
Мајката на Перез, Марија Гутиерез, цврсто верува дека нејзината ќерка била жива закопана и ги обвинува лекарите за нивната грешка што многу брзо ја потпишале нејзината посмртница.
„Нејзиното тело беше се уште топло, не мирисаше и изгледаше како да е во длабок сон, се уште беше флексибилна и е невозможно да била мртва толку часови. По се што проживеавме мислев дека ќе си ја добијам мојата ќерка назад. За момент бев среќна, а сега повторно ми се сруши целиот свет врз глава“.
Перез била во третиот месец од бременоста, кога еден ден паднала во несвест откако се разбудила во текот на ноќта за да отиде до тоалетот кој бил н

Пронајдете не на следниве мрежи: