Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска и фудбалер на турски Галатасарај, Дидиер Дрогба, им донесе огромна радост на навивачите на Галатасарај.Натпреварот на стадионот „Кадир Хаш Шехир“ во Кајзери, во рамките од Супер Купот на Турција, меѓу екипите на Галатасарај и Фенербахче, мораше да се игра во продолжение поради тоа што во регуларните 90 минути натпреварот гласеше 0-0.
Победоносниот чин на мечот се случи во 99-тата минута кога резултатот го отвори Дидиер Дрогба во корист на Галатасарај.
За одбележување е дека по којзнае кој пат натпреварот меѓу овие два тима го одбележуваат жолти и црвени картони. Дури 11 жолти картони беа доделени на овој натпревар, а португалскиот интернационалец од редовите на Фенербахче, дефанзивецот Бруно Алвеш заработи црвен картон во 63-тата минута.Натпреварот на стадионот „Кадир Хаш Шехир“ во Кајзери, во рамките од Супер Купот на Турција, меѓу екипите