Драматично торнадо го зафати завчера Рим и неговата околина, при што загинаа најмалку двајца, а десетици други се повредени.Четириесет и седумгодишен маж загинал во Лидисполи откако се срушиле два ката од осумкатница, објави „Месагеро”.
Во торнадото што го погоди Рим во 18 часот по локално време загина и 74-годишниот Фернандо Фиорезе во Сезано кога врз него паднало дрво.
На објавените видеоснимки може да се види разорното невреме како го уништува италијанскиот пејзаж.
Пријавени се десетици повредени како последица од невремето и поплавите што настапија потоа.
Невремето се случи само неколку дена откако централните и јужните делови на Италија беа погодени од силен земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала.
Министерот за животна средина Џан Лука Галети вчера рече дека во главниот град има пријавени поплави и паднати дрвја по невремето.
Поплавите што зафатија и дел од историскиот споменик Колосеумот, се должат на лошото одржување на канализацискиот систем.
-Делови од Рим се поплавени, рече тој.
-Тоа не се должи на недоволни мерки за заштита од поплави, туку поради лошото одржување на системот во тој дел од градот. Градовите мора да се одржуваат чисти за да се одбегнат трагедии во случај на невреме.Четириесет и седумгодишен маж загинал во Лидисполи откако се срушиле два ката од осумкатница, објави „Месагеро”.
Во торнадото ш