Видео: Еве зошто „Сунѓерот Боб“ е „персона нон грата“ во Казахстан!

Омилениот лик од детските цртани филмови „Сунѓерот Боб Панталоновски“ е насилник кој ги расипува детските умови, сметаат казахстанските политичари и експерти, пренесуваат тамошните медиуми.Откако гледале неколку епизоди, службениците во казахстанското Министерство за образование ги советуваат родителите да не им дозволуваат на своите деца да го гледаат познатиот аниминиран цртан филм. Сметаат дека „Сунѓерот Боб“ создава култура на хулиганизам и насилничко однесување.
Претседателката на Одборот за заштита на правата на децата, Забира Оразалиева, изјавила дека цртаниот лик има негативно влијание на умовите на децата.

Таа додала дека ликот редовно е насилен кон другите во својата заедница и се чини дека ужива во тоа, а тоа штетно влијае на децата/
„Тоа шокантно однесување останува во умот на детето и штетно влијае на нив“ – објаснува таа.
Откако гледале неколку епизоди, службениците во казахстанското Министерство за образование ги советуваат родителите да не им дозволуваат на своите

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.