Видео: Фантастична тројка на Перо Антиќ за победа на Атланта!

Нашиот Перо Антиќ повторно беше стартер во тимот на Атланта и повторно одигра одлична партија со што му донесе нова, трета во низа победа на својот тим.„Хоукси“ славеа против Денвер со 97:92 пред своите навивачи, а токму нашиот репрезентативец ги реализираше клучните поени.
На овој натпревар имаше максимално израмнета завршница, а на 41.секунда до крајот Антиќ погоди за пресврт и водство на Атланта од 93:92.
До крајот на мечот домашниот тим реализираше уште четири поени за победа од 97:92, но се чини дека токму поените на Перо Антиќ беа клучни во тие последни моменти од натпреварот.
Нашиот кошаркар натпреварот го заврши со одлични 16 поени, додавајќи уште две асистенции и еден скок, за 24 минути поминати на паркетот. Инаку, најефикасен во победничкиот тим беше Пол Милсап со 24 поени и 11 скокови, а дабл-дабл учинок имаа уште двајца кошаркари. Џеф Тиг имаше 15 поени и 11 асистенции, а Демар Керол постигна 11 поени и 10 скокови.
НБА резултати:
Њујорк – Милвоки 115:94
Вашингтон – Бруклин 101:94
Атланта – Денвер 97:92
Детроит – Индијана 104:112
Филаделфија – Мемфис 77:103
Чикаго – Сакраменто 94:87
Погледнете ја фантастичната тројка на Перо во видеото на следната страна. 

„Хоукси“ славеа против Денвер со 97:92 пред своите навивачи, а токму нашиот репрезентативец ги реализираше клучните поени.
На о

Пронајдете не на следниве мрежи: