Тројца припадници на украинската специјална антитерористичка едница „Алфа“ се уапсени за време на тајната задача во регионот на Донецк.Командантот на одбранбените сили на „Република Донецк“, Игор Стрелков, излезе со соопштение дека се уапсени тројца припадници на специјалната тактичка ударна група „Алфа“, во градот Горловка.
Според информациите, главна задача на припадниците на специјалната група им беше да киднапираат еден од лидерите на одбранбените сили – Игор Безлер, чија групација ја контролира станицата на локалната полиција во Горловка.
Затворениците се одведени на локација недалеку од градот Славјанск, каде што на медиумите им е покажано нивното наоружување, документацијата и личната идентификација.
Стрелков истакна дека уапсените ќе добијат статус на воени заробеници и потоа е можно да следи и обид за размена помеѓу нив и уаспените припадници на профедеративните сили.
Апсењето на агентите следеше по нападот на контролниот пункт недалеку од соседниот град Соледар, каде што група на непознати вооружени личности скокнаа од хеликоптер и заробија еден припадник на одбранбените сили.
Командантот на одбранбените сили на „Република Донецк“, Игор Стрелков, излезе со соопштение дека се уапсени тројца припадници на специј