Фрлањето чевел станува се попопуларен начин на искажување на револт и несогласување со нечии политики, мислења и ставови. Погледнете како си помина Хилари Клинтон.Некоја жена од публиката фрлила со чевел по Хилари додека таа на сцена во Лас Вегас држела говор на конференцијата на Институтот за рециклирање.
Сценското обезбедување по проверката на сцената по инцидентот пронашло женски чевел во црна и портокалова боја.
За среќа, поранешната државна секретарка го избегнала ударот, и продолжила со говорот притоа шегувајќи се за инцидентот: „Некој ме гаѓаше со чевел? Дали е тоа една од новите точки на Сончевиот Циркус? Среќа напаѓачката не играла софтбол како јас“
Жената која го фрлила чевелот е уапсена и допрва ќе се испитува како влегла на конференцијата без дозвола. Овој инцидент присутните ги потсети на славниот чевел кој во 2008 година му беше упатен на тогашниот претседател Џорџ Буш на едно негово обраќање во Багдад, Иран.
Некоја жена од публиката фрлила со чевел по Хилари додека таа на сцена во Лас Вегас држела говор на конференцијата на Институтот за рециклирање.