Продуцентите на филмот „Величествениот“ секојдневно добиваат поплаки откако во Турција се емитуваше епизодата во која по наредба на Султанот умира принцот Мустафа.„Можевте да го спасите Мустафа. Каков е тој маж кој мирно гледа додека му го дават синот, вели обожавател, кој веќе ангажирал адвокати во Истанбул кои ќе подигнат обвинение.
Само на Фејсбук има повеќе од 150.000 пораки, а сцената на давењето била толку драматична што до солзи го допрела и Халит Ергенч (43), кој како Сулејман требал да одглуми ладнокрвност.
Кога Мустафа вика „татко“, не можев да се воздржам. Заплакав и моравме се да снимаме од почеток, признал славниот актер“.
Продуцентите рекле дека очекувале бурни реакции, бидејќи сцената во која таткото го осудува синот на смрт била многу потресна, но вистинска тужба за убиството ги шокирало.
Обожавателот на серијата Хасан Кос (47), толку се вознемирил поради смртта на принцот, што од Халит бара оштета за нанесување на душевна болка, која ја претрпел додека ја гледал драматичната епизода од историската серија. Смета дека актерот е директно одговорен за смртта на ликот.
Ја изгубил смислата за реалноста. Убеден е дека тие ликови живеат денеска и не може да му се докаже дека се работи за минато, велат продуцентите.
И актерот е изненаден од бурните реакции на гледачите. Халит на улица е нарекуван со погрдни имиња, па дури и му дофрлуваат дека е убиец, а Мехмет Гунсур (38) кој го игра Мустафа, го гледаат со сожалување и велат да почива во мир. Халит признал дека делумно ги разбира гледачите, бидејќи и нему тешко му паднала сцената.
„Кога Мустафа ми лежеше мртов на рацете, моите солзи беа вистински“, изјавил тој.
Еден ден по емитувањето на епизодата во Турција, на вистинскиот гроба на Мустафа кој во моментов е затворен поради реставрација, го посетил повеќе од 500 луѓе.
Проблеми со обожавателите кои премногу се соживеале со серијата имала и Мерием Узерли (31). Оригиналната Хурем минатата година додека излегувала од ресторан беше удрена од жена. Жената и кажала дека не и се допаѓало тоа што прави сплетки во серијата.
Но, ова не е прв пат да се случи вакво нешто. Пред дваесетина години кога Касандра заврши во затвор, во Србија гледачите најмиле адвокат за да ја извадат оттаму.
„Можевте да го спасите Мустафа. Каков е тој маж кој мирно гледа додека му го дават синот, вели обожавател, кој веќе ангажирал адвокати во Ист



