Видео: Го расплака целиот свет: Момче ја избричи својата глава поради својот другар кој боледува од леукемија!

Кога го прашале Винсент Батерфилд зошто е ќелав, тој одговорил дека не сака неговиот другар Зак Госиџ, кој боледува од леукемија, да се чувствува како едниствената личност која нема коса.Винсент Батерфилд петгодишниот дечко и ученик во прво оделение во Мисури, одлучил да ја избричи главата за да го подржи неговиот другар Зак Госиџ, кој боледува од леукемија. 
На Зак му е дијагностицирана акутна лимфоцитна леукемија во јуни минатата година и од тогаш е на лечење со хемотерапија, но тоа не го спречува секојдневно да оди во школо, бидејќи тоа е место на кое може да се дружи со Винсент.
Кога го прашале зошто е ќелав, тој одговорил дека не сака Зак да се чувствува ккао единствената личност која е без коса.
Тој исто така се распрашувал за болеста на детето и дознал дека лечењето е премногу скапо, па одлучил да собере пари и ги продал сите шалови кои ги изработувале неговите родители, заработувајќи 150 евра.

На прашањето што е тоа пријателство Винсент го погледнал својот пријател Зак и рекол „Тоа е многу убава работа“.
Акутната лимфоцитна леукемија претставува рак на белите крвни зрнца, кој ја напаѓа крвта или коскената срж. На прогнозата за оваа болест влијае староста на бониот, па прогнозата кај децата е измеѓу 3 и 10 години поволни и преку 50 отсто деца успеваат да се излечат со хемотерапијата.
Винсент Батерфилд петгодишниот дечко и ученик во прво оделение во Мисури, одлучил да ја избричи главата за да го подржи неговиот другар Зак Госиџ,

Пронајдете не на следниве мрежи: