Македонскиот фудбалски интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Горан Пандев, стрелаше против екипата на Арсенал во рамките од „Емирејтс купот“.Горан Пандев продолжува со маестралните партии за екипата на Наполи во подготвителниот период, па така нашиот интернационалец одигра уште една блескава партија за Наполи, овој пат на дуелот со Арсенал во рамките од „Емирејтс купот“ каде натпреварот заврши со 2-2.
Во 28-мата минута од мечот Пандев стрелаше во мрежата на англискиот премиерлигаш и зголеми на 0-2 во корист на својот тим. Италијанскиот калчолигаш сепак не ја искористи одличната гол разлика и на крај резултатот гласеше 2-2.
Ова е веќе трет погодок на нашиот репрезентативец за Наполи во подготвителниот период, претходно ги погоди мрежите на Карпи и Галатасарај.Горан Пандев продолжува со маестралните партии за екипата на Наполи во подготвителниот период, па така нашиот интернац