Видео: Година дена затвор за шутирање на мачка?!

Најновиот случај ја подели јавноста во САД, на оние кои мислат дека треба строго да се казнат мачителите на животни и на оние кои веруваат дека затворската казна во некои случаи несоодветствува со стореното дело.Жителот на Бруклин, Андре Робинсон (22) шутнал мачка пред 5 месеци. Некој го снимил тоа и поставил на Фејсвук, па набрзо престапникот беше уапсен. Да ја шутнеше мачката пред неколку години, немаше ни да се соочи со никаква казна, но денес многу работи се променија во САД, па затоа му се заканува затворска казна од една година. 
Секој пат кога обвинетиот ќе се појави со судница, активистите за заштита на животните се појавуваа во голем број и бараа затворска казна. Не му беше понудено ни да се спогоди со обвинителството, што е исклучиво редок случај во ваквите процеси, пишува „Њујорк Тајмс“.

Њујоршката полиција во јануари ја презема надлежност за злоставување на животни. Бројот на уапсени до септември беше два и пол пати поголем отколку минатата година. Бруклинскиот обвинител Кенет Томпсон изјави дека судењето на Робинсон укажува на неговата решителност да биде цврст према луѓето кои мислат дека можат да злоставуваат било какви животни.
Во продолжение погледнете го видеото, што ја подели американската јавност. 
Post by On The Real.Жителот на Бруклин, Андре Робинсон (22) шутнал мачка пред 5 месеци. Некој го снимил тоа и поставил на Фејсвук, па набрзо престапникот беше уапсен.

Пронајдете не на следниве мрежи: