Видео: Голем пресврт во Босна: Полицијата тргнува во демонстрации, им се придружува на граѓаните!

Според босанскиот портал Мојуск, синдикатот на полицијата на Зеничко-добојскиот кантон од утре најавува започнување на штрајк, а според нивни извори полицајците се подготвени да им се придружат на граѓаните. Покрај нив со штрајк се заканиле полицајците од уште неколку кантони. Полицискиот синдикат од Зеничко-добојскиот кантон ги повикал своите колеги од Тузланскиот кантон да престанат да ги бранат политичарите познати како „мајмуни во фотелји“ и да им помогнат на своите соседи, младите, студентите еднаш засекогаш да ја срушат оваа власт.
„Ако полицијата тргне заедно со граѓаните на протести политичарите нема да има кој да ги брани и се осудени на пропаст. Ако еднаш ги смениме, ќе бидат сменети за сите времиња во сите структури, а потоа доаѓа ново време за нашата држава, за која многумина ги дадоа животите за овие сега да нѐ крадат“- изјавил полициски извор за Мојуск.
Голем број граѓани денес во Тузла биле сведоци на полициската бруталност, но и на онаа поубавата страна. Според изјавите на неколку демонстранти, тие биле сведоци како полицајците им се придружуваат на граѓаните.

„Полицаецот нѐ замоли да не ги гаѓаме со камења, дека само си ја вршат работата. Еден од нив ни пријде и не праша дали може да ни се придружи, по што ја остави на страна опремата и ги повика и своите колеги“.
„По сѐ изгледа во Босна доаѓа ново време, доста им е од корумпирани политичари, но насилството од полицајците. Време е народот да се крене“ – пишува Мојуск.
Покрај нив со штрајк се заканиле полицајците од уште неколку кантони. Полицискиот синдикат од Зеничко-добојскиот кантон ги повикал своите колеги од

Пронајдете не на следниве мрежи: