Повремениот камерунски репрезентативец, Алберт Ебосе, почина вчера, по добиениот удар во глава, по натпреварот меѓу ЖС Кабилие и УСМ Алжир во алжирската фудбалска лига…Голема трагедија го потресе фудбалскиот свет. 24- годишниот Камерунец, кој има 6 настапи за сениорската репрезентација, почина по натпреварот од алжирското првенство. Токму тој беше стрелец од пенал, на единствениот гол за неговиот тим.
По натпреварот, Ебосе беше погоден со предмет во главата, фрлен од трибината,по што набрзо почина.
Министерството за внатрешни работи во Алжир отвори истрага за случајот. Двата фудбалски клубови изразија сочувство до семејството на починатиот. Ваква трагедија досега не се памети во фудбалот…
Во следното видео можете да видите подетално за оваа голема трагедија:
Голема трагедија го потресе фудбалскиот свет. 24- годишниот Камерунец, кој има 6 настапи за сениорската репрезентација, почина по натпреварот од ал