Видео: Хаос во Украина – гувернерот врзан за метален столб, полицијата се предала

Во Киев, Украина, подолго време владее хаос по протестите кои го зафатија регионот, а од ден за ден стануваат се покрвави и по страшни.Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го врзале за метален столб, при што го терале да потпише оставка.
Демонстрантите го симнале од власт Олександр Башкаленко, кој лично од Јанукович беше именуван за регионален гувернер.
Сето ова се случувало само неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласил ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинале најмалку 26 лица.
Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во тој град.
-Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми, им рекол Башкаленко на демонстрантите.

 
Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.
Башлаленко бил насилно изведен пред зградата и врзан со лисици за метален столб.
Демонстрантите се обиделе да го натераат да потпише оставка.
Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го

Пронајдете не на следниве мрежи: