Баерн Минхен го совлада тимот на Челзи во Супер Купот на Европа.Германскиот бундеслигаш предводен од Пеп Гвардиола на „Еден Арената“ во Прага славеше против Челзи и го освои Супер Купот на Европа пред речиси 18 000 гледачи.
Први во водство дојдоа играчите на Челзи преку Фернандо Торес уште во 8-мата минута на мечот. Така гласеше и исходот од првото полувреме.
Во вториот дел Баерн Минхен стави се на една карта, па така офанзивната игра значеше и мал ризик од контри, но уште на стартот од второто полувреме германците дојдоа до израмнување.
Во 47-мата минута Френк Рибери со одличен шут го совлада Петр Чех и донесе израмнување на мечот од 1-1.
Откако при регуларните 90 минути резултатот гласеше нерешено, се продолжи во продолжение.
По само три минути игра, во 93-тата минута Азар го доведе Челзи во водство од 1-2.
Но, повторно она непишано фудбалско правило, германците до последната секунда…
Хави Мартинез во последните мигови од мечот го спаси од пораз германскиот бундеслигаш и по неговиот погодок се отиде во пенал рулет, кој германците го добија со резултат 5-4.
Вреди да се напомене дека во 85-тата минута од мечот Рамирез при еден остар фаул доби втор жолт картон и автоматски доби црвен картон со што англискиот премиерлигаш од тој момент па се до крајот на мечот играше со играч помалку.Германскиот бундеслигаш предводен од Пеп Гвардиола на „Еден Арената“ во Прага славеше против Челзи и го ос