ВИДЕО: И Цветановски меѓу насилниците кои ги саботираа изборите

Станува јасно дека зад насилството на денот на студентските избори не стои никој друг туку СДСМ и СОРОС. На видео снимката до која дојде Нетпрес се гледа дека меѓу хулиганите што го попречуваа изборот на нов лидер на СПУКМ и што правеа нереди вечерта пред седиштето на СПУКМ е и Александар Цветановски – Бабуш.Цветановски е поранешен прв човек на младите на СДСМ во Центар и поранешен советник на СДСМ во Општина Центар.
 
За него, дел од медиумите веќе пишуваа дека е вработен во Паркинзи на општина Центар, кое е препознатливо по тоа што ги вдомува сдсмовските кадри, а е раководено од првиот човек на СДСМ – Центар, Саша Богдановиќ.

Како што може да се забележи на видео снимката, Цветановски беше присутен во текот на целиот ден додека нелегитмните претставници на студентите „пленумците“ се обидуваа да го попречат демократското изразување на волјата на студентите. Исто така, тој може да се забележи и пред седиштето на СПУКМ каде „пленумци“ вечерта се обидоа да го украдат гласачкиот материјал и предизвикаа штети, пишуваат медиумите.
 

Цветановски исто така, во текот на вчерашниот ден, по неуспешниот обид за саботирање на студентските избори упати срамни закани кон македонските полицајци на социјалните мрежи.
Како што пренесоа медиумите, пред неколку години, во медиумите се појавија фотографии на истиот Цветановски фотографиран со огромно количество алкохол, прегрнат со највисокото раководство на СДСМ, со Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Зоран Заев и најшокантната фотографија, како во раката држи огнено оружје.
 

Со ова станува повеќе од очигледно дека зад насилствата од четвртокот не стои никој друг туку хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС.Цветановски е поранешен прв човек на младите на СДСМ во Центар и поранешен советник на СДСМ во Општина Центар.
 
За него, дел

Пронајдете не на следниве мрежи: