ВИДЕО: ИСИЛ го срамни со земја древниот град Нимруд во Ирак!

Екстремистите на терористичката организација ИСИЛ, денеска го опустошија и уништија древниот асирски град Нимруд на северот на Ирак, изјави извор од локалното племе.ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и антиквитети.
Ирачки претставник ја потврди оваа информација истакнувајќи дека уништувањето почнало по молитвата на пладне и дека камиони, на кои веројатно се одвлечени уметничките предмети, се забележани на местото.
„Засега, не знаеме во кој обем e тој уништен“, рече претставникот кој инсистираше да остане анонимен.
Нимруд, кој е основан во 13 век пред новата ера, се наоѓа на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор по големина ирачки град и упориште на ИД во земјата.
Уништувањето на Нимруд, скапоценост на асириската ера, следуваше една недела откако џихадистичката група објави видеоснимка на која се гледаат екстремисти како  уништуваат непроценливи древни уметнички предмети во музејот во Мосул. (Види ЛИНК)ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и антиквитети.
Ирачки претставн

Пронајдете не на следниве мрежи: