Видео: Ископале тунел од 40 метри и ограбиле банка!

„Крадци со план“ ископале тунел долг 40 метри како би ги испразниле сефовите во „Punjab National Banke“ на северот од Индија и однеле плен тежок повеќе од 100 илјади долари.  Крадците почнале да копаат во куќа во соседството од банката, во државата Хајрани и ископале тунел, преку кој влегле во просториите со сефовите. Испразниле 77 сефови, во кои имало повеќе од 100 илјади долари, накит и други вредности, изјави во вторникот полицијата за агенцијата „Press Trust of India“.
За да го изведат ова тешко кривично дело, на крадците не им била потребна софистицирана опрема затоа што осигурувањето било слабо, истакнала полицијата, но банката тоа го демантирала.
„На крадците им беше олеснета работата затоа што подот во просторијата со сефовите бил од обичен бетон“, изјави Арун Нехра, портпарол на полицијата во Хајрани. „Лесно го срушиле со едноставен алат“.
Провалниците може добиле идеја од боливудскиот филм „Dhoom“, во кој група од мотоциклисти смислува план за ограбување на сефови. 
Крадците почнале да копаат во куќа во соседството од банката, во државата Хајрани и ископале тунел, преку кој влегле во просториите со сефовите. Ис

Пронајдете не на следниве мрежи: