Видео: „Исламската држава“ со ново предупредување до САД

Милитантната група „Исламска држава“ објави ново видео, во кое ги предупредува САД, дека нивните следбеници ќе се борат и во Ирак, доколку претседателот Обама продолжи да испраќа војници. Видеото, кое трае 52 секунди, со наслов „Flames of War“(Пламенот на војната), покажува како милинтаните разнесуваат тенкови и слики од повредени американски војници. Потоа е прикажано видео од изјава на Обама, во кое вели дека војниците нема да се вратат во Ирак, завршувајќи со испишаните зборови „Борбата само што започна“.
Тајмингот на видеото, објавено вчера вечерта, преставува одговор на изјавата на генералот Мартин Демпси, претседател на Генерал-штабот на здружените сили, кој кажа дека ако сегашната стратегија за Ирак не вроди со плод, тогаш ќе го зголемат бројот на копнени сили во таа земја. 
Видеото можете да го погледнете на следната страница.

Видеото, кое трае 52 секунди, со наслов „Flames of War“(Пламенот на војната), покажува како милинтаните разнесуваат тенкови и слики од

Пронајдете не на следниве мрежи: