Видео: Ја молел сопругата да абортира, а сега не може да живее без својата болна ќерка!

Хит Вајт, пилот и агент на ФБИ е човек кој отсекогаш тежнеел кон совршенство, тврди неговата сопруга Џенифер.Кога тестовите при редовните гинеколошки прегледи покажале дека неговата бремена сопруга носи бебе со Даунов синдром му се урнал целиот свет.
Загрижен за тоа што ќе кажат луѓето и што ќе мислат за неговото болно дете тој се оддалечил од сопругата и се обидувал да стори се што е во негова моќ за да ја натера да абортира. Таа го одбила.
Откако се родила малечката Пејсли, нејзиниот татко доживеал момент на „просветлување“ кога сфатил дека таа е иста како и сите други деца додека ја скокоткал, а таа слатко се смеела.
Оттогаш тој е одлучен во намерата својата ќерка да му ја претстави на светот преку емотивен документарен филм и трките на кои учествува со неа.
Во документарецот може да се видат и писма кои тој и ги напишал кога имала 18 месеци, објаснувајќи и што таа го научила него.

Тој вели дека тоа е писмо до личноста од која прво бегал, а кон која сега трча за да ја земе во прегратка.
„Ако можам барем едно семејство, барем една личност да ја ослободам од вината и да и укажам да не ја направи истата грешка како мене, тогаш сево ова има смисла“, рекол Хит.
Кога тестовите при редовните гинеколошки прегледи покажале дека неговата бремена сопруга носи бебе со Даунов синдром му се урнал целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: